СЕКОГАШ ВЕЛЕВ ДЕКА НАТО НЕМА ДА НЀ ЗАШТИТИ КОГА ЌЕ НИ ТРЕБА Сојузниците треба веднаш да ни дојдат на помош, бидејќи им помагаме со години

Американскиот претседател Доналд Трамп го обвини Иран дека користи дезинформации и вештачка интелигенција за да ја измами јавност и дека го покажал носачот „Абрахам Линколн“ во пламен, а ниту еден куршум не бил испукан кон него.

1,492

Секогаш мислев дека тоа е слабоста на НАТО, дека ние ги заштитуваме, но, секогаш велев дека кога ќе ни требаат, тие нема да нè заштитат, рече денеска американскиот претседател Доналд Трамп.

– Некои беа многу воодушевени, некои не. Меѓу нив има земји на кои им помагавме многу, многу години. Ги заштитивме од ужасни надворешни закани, а тие не беа воодушевени да помогнат. Нивото на ентузијазам е важно за мене – истакна Трамп.






Тој зборуваше за тоа што им е „потребно“ на САД на Блискиот Исток.

– Ова не е потреба во моментов. Вистинската потреба би била да се оди во војна со некои од „големите момци. Ако ни требаат нивните миноловци или нешто друго, каква било опрема што можеби ја имале со оглед на ситуацијата во која се наоѓаат, тие треба веднаш да ни дојдат напомош,  бидејќи им помагаме со години – рече Трамп.

Изградивме најголема војска во светот и ги заштитуваме луѓето, додаде тој.

Трамп повторно ја издвои Велика Британија, вклучувајќи ја меѓу земјите што одбија да помогнат во конфликтот со Иран.

Зборувајќи во Белата куќа, тој рече дека е „многу изненаден“ што Велика Британија не сака да учествува.

– Тие навистина не сакаа да го сторат тоа. Им реков: Не сакате ли да учествувате? Ние бевме со вас. Вие сте наш најстар сојузник и ние трошиме многу пари на НАТО и сè друго за да ве заштитиме – рече Трамп.

Во врска со ситуацијата во Ормутскиот Теснец рече дека американските сили ја уништиле целата иранска флота на поставувачи на мини и дека тој презел чекори против иранскиот режим што никој пред него не се осмелил да ги преземе.

– Ги погодивме сите нивни бродови за мини. Секој од нив беше уништен. Но, можеби еден останал, и тоа е сè што е потребно. Верувам дека Ормускиот Теснец наскоро ќе биде отворен – рече американскиот претседател.

Трамп се осврна и на поширока акција против Иран, за која тврди дека ќе ја врати земјата една деценија назад. Тој нагласи дека е единствениот претседател кој одлучил да преземе таков чекор.

– Ќе им требаат 10 години за да се обноват. Ниеден претседател не сакаше да го направи тоа, но јас сакав – рече тој.

Своите ставови ги поткрепи со анегдота за разговор со еден од неговите претходници.

– Разговарав со поранешен претседател кого го почитувам. Тој ми рече: „Требаше да го направам тоа“. Не можам да кажам кој е. Ќе го засрамам – рече Трамп.

Додаде дека Иран сака да постигне договор.

– Многу луѓе се прашуваат зошто воопшто би разговарал со нив. Но, јас разговарам со сите – рече Трамп.

Го обвини Иран дека систематски користи дезинформации и вештачка интелигенција за да ја измами јавноста.

– Единственото нешто што го прават добро е дезинформацијата. Не заборавајте, тоа е земја изградена врз дезинформации. А сега користат вештачка интелигенција. Покажуваат работи што не се случуваат. Тие го покажаа нашиот брод Абрахам Линколн во пламен, а ниту еден куршум не беше испукан кон него. Покажаа згради во Тел Авив како горат, покажаа згради во Арабија, во Катар. Тоа е единственото нешто што го прават добро – додаде тој.

Тој, исто така, коментираше за нејасната ситуација околу иранското раководство, наведувајќи дека не е познато кој е на чело на земјата и дека има гласини за смртта или сериозното повредување на ајатолахот.

– Не знаеме со кого имаме работа. Сите нивни лидери се мртви. Мислам дека се нервозни. Имаме луѓе кои сакаат да преговараат, но не знаеме кои се тие луѓе – рече тој.

Тој се осврна на гласините за врховниот лидер, ајатолахот Моџтаба Хамнеи.

– Многумина велат дека ајатолахот е сериозно повреден, други велат дека е мртов. Никој не вели дека е здрав. Тој би ширел омраза од својата столица, но ние воопшто не сме го виделе. Никој не го видел, што е невообичаено – заклучи тој.

ДИПЛОМАТИЈА И ПРЕГОВОРИ МОЖЕ, БРОДОВИ НЕ Сојузниците резервирани кон барањата на Трамп

Поврзани содржини