ИРАН СЕ ЗАКАНИ СО НАПАДИ НА АМЕРИКАНСКИТЕ КОМПАНИИ НА БЛИСКИОТ ИСТОК Гардата повика да се евакуираат работниците и населението во близина на фабриките

224

Иранскиот корпус на револуционерна гарда (ИРГК) издаде ново предупредување за напади врз индустриски објекти поврзани со САД во регионот, кои може да се случат вечерва.

Гардата повика на евакуација на работниците од овие објекти, како и на населението што живее во нивна близина.






„Го предупредуваме поразениот американски режим да ги повлече работниците од сите американски индустриски објекти во регионот. Исто така, го повикуваме населението што живее во близина на фабриките во кои Американците имаат удел да се евакуираат за да нема повредени“, изјави портпаролот на Гардата во соопштението што го пренесе иранската новинска агенција Тасним.

Сè уште не е прецизирано кои компании би можеле да бидат цел. Сепак, истата новинска агенција минатата недела на Телеграм објави список на можни цели, во кој беа вклучени канцелариите на технолошките гиганти како што се Амазон, Гугл, Мајкрософт и Нвидија во земјите од Заливот.

Поврзани содржини