📽️ УМРЕВ…ЗА КАФЕ Нетанјаху се сними за да ги исмее гласините дека е мртов

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху ги исмеа гласините дека загинал во ирански напад. Тој ги порекна и тврдењата дека има 6 прсти на едната рака откако претходно се појавија монтирани видеа од прес-конференција. Дел од профилите тврдеа дека целата прес-конференција на премиерот била генерирана со вештачка интелигенција.

478

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху објави снимкаа со која ги демантира гласините дека загинал во ирански напад и дека наводно има 6 прсти на едната дланка. Со иронија и со шега, тој порача дека е жив и дека граѓаните треба да продолжат со секојдневниот живот, но со претпазливост.

„Го сакам мојот народ до смрт“






Во видеото, снимeно во мало кафуле, Нетанјаху нарачува кафе и со насмевка изговара реченица што предизвика лавина реакции.

– Умрев… за кафе – рече израелскиот премиер.

Фразата е чест израз во хебрејскиот јазик. Се користи кога некој силно посакува нешто.

Потоа Нетанјаху испрати порака и до граѓаните.

– Го сакам мојот народ до смрт – изјави тој.

Премиерот додаде дека е горд на начинот на кој Израелците се однесуваат во време на војна.

Одговор на теориите за „вештачки Нетанјаху“

Видеото доаѓа по бран гласини на социјалните мрежи. Дел од профилите тврдеа дека претходната прес-конференција на премиерот била генерирана со вештачка интелигенција.

Некои објави дури тврдеа дека на снимките Нетанјаху има 6 прсти на едната рака. Затоа во новото видео премиерот ги крена двете раце и јасно ги покажа сите десет прсти.

Со тоа симболично ги исмеа теориите на заговор што кружат на интернет.

Еве како изгледаше проблематичното видео од наводна прес-конференција на Нетанјаху кое крена прашина во јавноста.

Порака до граѓаните во време на војна

Нетанјаху ги повика граѓаните да излезат од домовите и да земат свеж воздух. Сепак, предупреди да останат блиску до засолништата поради можни напади.

Ситуацијата во регионот останува напната. Иран и Израел секојдневно разменуваат напади.

Утринава израелската армија објави дека започнала копнена офанзива за „проширување на тампон зоната“ во Јужен Либан.

Поврзани содржини