КЕЈТИ ПЕРИ СПОДЕЛИ ПРИВАТНИ ФОТОГРАФИИ СО ЏАСТИН ТРУДО Опуштени и духовити моменти од животот на пејачката и поранешниот канадски премиер

Кејти Пери објави серија приватни фотографии кои откриваат опуштени и духовити моменти од нејзиниот живот со поранешниот канадски премиер Џастин Трудо.

515

Кејти Пери ги воодушеви обожавателите со интимен увид во нејзиниот приватен живот.

Пејачката објави серија секојдневни фотографии на Инстаграм со партнерот Џастин Трудо, со кого официјално ја потврди својата врска во декември 2025 година.






Во објавата, која ја проследи со реченицата „Ти си богатството што го бараш“, 41-годишната ѕвезда сподели неколку спонтани моменти од нивниот секојдневен живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry)

Едната од фотографиите изгледа како селфи направено во стоматолошка ординација, додека другата покажува опуштена атмосфера на масата за време на вечерата. На сликата, се гледа Џастин како седи на масата и жмирка со едното око додека во раката држи стапче направено од флексибилна жица, а на главата има лента направена од истиот материјал, што ги насмеа многумина.

Серијата фотографии вклучува и хумористично селфи од двојката направено од низок агол. На неа, пејачката прави разиграна гримаса, додека Трудо одржува посериозен израз, што дополнително го нагласи хуморот на моментот.

Објавата брзо го привлече вниманието на обожавателите, кои го пофалија нивниот опуштен став и хемија во коментарите, додека многумина истакнаа дека ретките моменти од приватниот живот на двојката секогаш предизвикуваат голем интерес на социјалните мрежи.
Гласините за нивната романса кружеа веќе некое време пред тоа, откако Кети ја заврши долгогодишната врска со актерот Орландо Блум.

Поврзани содржини