ПРОДОЛЖУВАЊЕТО НА А-ИНТЕГРИРАНАТА ДОЗВОЛА СЕ ОДВИВА СПОРЕД ЗАКОН Титан Усје соработува со надлежните институции
При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции.
Согласно законските рокови, ТИТАН Усје ја поднесе апликацијата за продолжување на А-интегрираната еколошка дозвола до Министерството за животна средина и просторно планирање. При подготовката на апликацијата за продолжување на дозволата, компанијата во целост ги следи обврските и условите што произлегуваат од законските и подзаконските акти и соработува со сите надлежните институции.
„Грижата за животната средина е основна вредност за ТИТАН Усје. Свесни сме дека заштитата на животната средина и квалитетот на воздухот предизвикуваат загриженост кај граѓаните и во нашето општество, како целина. ТИТАН Усје внимателно ја следи јавната дебата, сериозно ги сфаќа овие проблеми и дава транспарентен придонес кон нивно решавање“, се наведува во соопштението од ТИТАН Усје.
Оттаму додаваат дека како одговорна и транспарента компанија, работат согласно домашната регулатива и во своето работење ги применуваат најдобрите достапни практики во индустријата, кои важат и за компаниите од Европската Унија.