ПИЈАН РЕСЕНЧАНЕЦ ВОЗЕЛ ТРАКТОР Тројца малолетници возеле без дозвола

44

Лишени од слобода се 12 возачи, а меѓу нив тројца биле малолетници кои возеле без возачка дозвола, соопшти полицијата.

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници фатиле седум лица кои управувале возило без возачка дозвола, три кои возеле и покрај тоа што имале активна забрана за управување возило, еден за возење под дејство на алкохол и еден со брзина поголема од дозволената.






Од седумте лишени за возење без возачка дозвола, тројца се малолетници. Еден малолетник од Тетовско управувал возило, а двајца малолетници од Крива Паланка и од Неготино управувале мопеди без дозвола. Останатите четири возачи за истиот прекршок се лишени во Скопје, Штип, Кичево и Битола. Двајца возачи во Скопје и еден во Кичево управувале возило со активна забрана. Додека еден возач во Ресен управувал трактор со 2,83 промили алкохол во крвта и еден возач во Битола управувал возило со брзина поголема од дозволената. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Полицијата апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесат за побезбеден сообраќај.

Поврзани содржини