БАБА МИМИ Е МЕЃУ НАЈВОЗРАСНИТЕ ШИМПАНЗА ВО СВЕТОТ Работела во циркус, живеела во цвеќара, сега ужива во пензионерските денови во Скопје

Нејзиниот животен пат бил тежок, настапувала во циркус, но бидејќи била болна завршила да живее во цвеќарница во Германија, а потоа поминала период во рехабилитационен центар за спасени примати во Холандија.

65

Баба Мими е едно од најпознатите животни во ЗОО Скопје и најстара во групата шимпанза во Зоолошката. Родена е во 1962 година и важи за едно од највозрасните шимпанза во Европа, па дури и во светот.

Нејзиниот животен пат бил тежок, настапувала во циркус, но бидејќи била болна завршила да живее во цвеќарница во Германија, а потоа поминала период во рехабилитационен центар за спасени примати во Холандија.






Во 2019 година добила нов, мирен дом во Скопје, каде што секојдневно добива посебна нега и внимание од нашите вработени.

– Денес Мими ужива во своето пензионерско секојдневие, со специјална исхрана, медицинска терапија и грижа од зоонегователите. Позната е по мирниот карактер, сака удобност, си прави „гнездо“ од ќебиња и често делува смирувачки на другите шимпанза, нашите Коко и Изи. Најмногу ужива да мириса цвеќиња, нешто што и е останато како навика од долгиот живот во германската цвеќара. Нашата Мимушка е вистински симбол на топлина, грижа и достоинствена старост – велат од скопската Зоолошка.

Поврзани содржини