ШВАЈЦАРИЈА ГО МЕНУВА ДИЗАЈНОТ НА ФРАНКОТ На новите банкноти ќе се најдат фрагменти од релјефот и од природата на земјата

Новите швајцарски банкноти ќе бидат пуштени во употреба во 2031 година, а централната банка на Швајцарија вели дека модернизацијата на банкнотите е важна за да се подобри безбедноста и да се олесни откривањето на фалсификати.

69

Швајцарската национална банка (SNB) објави дека ќе издаде нова серија банкноти со сосема нов дизајн, кој е инспириран од релјефот и природата на земјата. Дизајнерското студио „Емфаз“ од Лозана ќе го изработува графичкото решение за  новата десеттата серија банкноти.

Новиот дизајн  е базиран на концептот „Швајцарија и нејзините височини“ и  беше избран меѓу пет други апликации на конкурсот.






Новата серија банкноти ја прикажува Швајцарија од најдлабоките долини до највисоките планински врвови, преку мотиви на растенија, пејзажи и секојдневен живот.


Конечниот изглед на банкнотите може да се разликува од тендерското решение. Конечниот дизајн ќе го одлучи Банкарскиот совет на Швајцарската национална банка.

Новите швајцарски банкноти ќе бидат пуштени во употреба во 2031 година, а централната банка на Швајцарија вели дека модернизацијата на банкнотите е важна за да се подобри безбедноста и да се олесни откривањето на фалсификати.

Иако употребата на готовина се намали во последниве години, таа останува многу распространето средство за плаќање во Швајцарија, каде што околу една третина од сите трансакции сè уште се извршуваат во готово.

Поврзани содржини