ОСТАНУВА ГРАДОНАЧАЛНИК НА КРАН-МОНТАНА, НО БЕЗ ОДЛУКИ ЗА ПОЖАРОТ Општината му ги скрати надлежностите на Феро

Швајцарската општина Кран-Монтана го иззеде градоначалникот Никола Феро од сите одлуки за последиците од пожарот во барот во ски-центарот, откако истрагата за трагедијата беше проширена и на него. Taмошното обвинителство проверува дали општината ја занемарила задолжителната инспекција на барот.

141

Градоначалникот на Кран-Монтана повеќе нема да носи одлуки за последиците од пожарот во барот во швајцарскиот скијачки центар за време на новогодишната прослава, соопшти денеска советот на општината во Швајцарија.

Никола Феро ќе продолжи со своите други должности како градоначалник, но нема да биде вклучен во никакви одлуки во врска со пожарот, пренесе агенцијата  ДПА.






Одлуката дојде по вчерашната најава дека официјалната истрага за пожарот е проширена за да го вклучи и Феро. Обвиненијата што се разгледуваат вклучуваат предизвикување повреди или смрт од небрежност и предизвикување пожар од небрежност.

Во тек е истрага за тоа дали градоначалникот ги занемарил своите надзорни должности, откако тој набрзо по пожарот призна дека општината не успеала да ја изврши задолжителната годишна инспекција на барот од 2019 година.

Сопствениците на барот, Жак и Џесика Морети, и две лица одговорни за безбедноста се соочуваат со слични обвиненија.

Во пожарот во барот „Le Constellation“ загинаа 41 лице, а околу 80 лица се тешко повредени, од кои многумина се помлади од 18 години и веројатно ќе останат во болница со месеци.

Истрагите сугерираат дека празничните прскалки ја запалиле пената на таванот и пламенот брзо се проширил. Тесните скали во подрумот на барот спречиле многумина да побегнат навреме.

Поврзани содржини