ВЛАДАТА ОДЗЕДЕ УШТЕ 6 ЛИЦЕНЦИ ЗА ОДГЛЕДУВАЊЕ КАНАБИС Се работи за законски пропусти при извршена проверка

Од она што можев да го видам од информацијата која што помина на Владата, станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат. И да, Владата донесе одлука за одземање на уште 6 лиценци, истакна портпаролот на Владата Марија Митева одговарајќи на новинарски прашања.

348

На денешната прес-конференција во Владата, портпаролот Марија Митева одговарајќи на новинарски прашања информираше дека на денешната седница Владата разгледала информација и донела одлука за одземање на 6 лиценци за одгледување на канабис.

– Денеска имаше 6 точки од Министерството за здравство и 6 лиценци Владата денес ги одзема. За подетални информации кои се фирмите, ве молам да се обратите до Министерството за здравство каде што и практично е оваа Комисија. Од она што можев да го видам од информацијата која што помина на Владата, станува збор за законски пропусти при извршена проверка од страна на Комисијата која што е надлежна да ги провери сите услови што треба да ги поседуваат. И да, Владата донесе одлука за одземање на уште 6 лиценци – истакна Митева.

Поврзани содржини