ТЕЛЕКОМ СО НОВА „UNLIMITED“ ПОНУДА Неограничен интернет и роаминг во сите пакети
Македонски Телеком ги трансформира пакетите Magenta 1 во Magenta 1 Unlimited, со неограничен интернет, вклучен роаминг, гигабитни брзини и дополнителни попусти за корисниците.
Македонски Телеком воведува нов комуникациски концепт за корисниците со кој ветува поврзување без бариери и неограничен интернет, како и низа дополнителни услуги што треба да донесат поголема слобода и сигурност во секојдневната комуникација.
Компанијата соопшти дека досегашните пакети Magenta 1 и Magenta 1 Business се трансформираат во Magenta 1 Unlimited и Magenta 1 Business Unlimited, кои ќе понудат неограничен интернет, вклучен роаминг во сите пакети, гигабитни оптички брзини и ексклузивни попусти преку програмата Magenta Moments.
Главниот извршен директор на Македонски Телеком, Горан Марковиќ, изјави дека новото портфолио претставува нов пристап кон поврзувањето на корисниците.
– Ова не е само ново портфолио, туку сосема нов начин на поврзување на корисниците. Целта е да понудиме едноставно и безгрижно искуство коешто ќе биде неограничено, непречено и комбинирано со многу поволности и попусти. Верувам дека овој чекор ќе направи промена на пазарот и позитивно ќе влијае на задоволството на корисниците, што е наша примарна цел – рече Марковиќ.
Главниот директор за приватни корисници, Емилија Андоновски, нагласи дека компанијата сака да понуди поголема вредност и подобро корисничко искуство.
– Ние не сме само телекомуникациски оператор, туку партнер којшто сака да им понуди вистинска вредност на корисниците и да им овозможи позитивни искуства. Целта ни е да дадеме повеќе и да го направиме самото искуство на поврзување едноставно, какво што и треба да биде во дигиталното време: со сѐ што треба вклучено и неограничено и многу повеќе од тоа – изјави Андоновски.
Новите пакети Magenta 1 Unlimited и Magenta 1 Business Unlimited се наменети и за приватни и за деловни корисници.
Неограничен интернет за сите – сите тарифи имаат неограничен сообраќај за целосна слобода во комуникацијата (интернет, СМС и разговори) и корисниците не мора да се грижат за тоа колку трошат.
Роаминг како дома – со новото портфолио, веќе нема грижа за роаминг затоа што е вклучен во сите тарифи (15 GB во Extra тарифата), за корисниците да останат поврзани исто како дома кога патуваат во повеќе од 60 земји во светот.
Гигабитни брзини – преку супериорната оптичка мрежа на Телеком, со новата Magenta 1 Unlimited/ Magenta 1 Business Unlimited, гигабитните брзини стануваат достапни за сите корисници коишто можат да уживаат во квалитетот и брзината на најбрзата мрежа во Македонија.
Ексклузивни Magenta Moments попусти – покрај сите редовни понуди од Magenta Moments, корисниците на новата Magenta 1 Unlimited/ Magenta 1 Business Unlimited ќе добиваат ексклузивни попусти само за нив, со кои ќе можат да заштедат над 600 денари месечно по линија.
Супер Wi-Fi секаде – со WiFi booster, корисниците добиваат беспрекорен интернет насекаде во домот. Уредот овозможува силен и стабилен сигнал во секое ќоше од домот и го прави интернет-искуството беспрекорно и безгрижно.

Од компанијата велат дека новата Magenta 1 Unlimited / Magenta 1 Business Unlimited е креирана според потребите на корисниците во дигиталното време, кои бараат едноставно поврзување, стабилна мрежа, големи брзини и дополнителна вредност.
Според Македонски Телеком, станува збор за комуникациски концепт кој првпат се воведува на домашниот пазар.