ПОРАДИ ЛАГИТЕ СДСМ Е ТРЕТА ПАРТИЈА СО 130.000 ГЛАСОВИ Наместо да се извинат, партијата и Филипче продолжуваат да лажат за мигрантите

Пиарот на СДСМ и на Филипче кој очигледно е дека не им оди од полза, треба под итно да го променат затоа што бродот на СДСМ тоне сè повеќе и повеќе, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.  

140

 

Наместо извинување од СДСМ и од Венко Филипче за невистините кои ги изнесоа во јавноста за наводни мигранти во Македонија, тие и понатаму продолжуваат да лажат, рече денеска пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.






– Пиарот на СДСМ и на Филипче кој очигледно е дека не им оди од полза, треба под итно да го променат затоа што бродот на СДСМ тоне сè повеќе и повеќе. Откако добија демант од британскиот амбасадор за наводни мигранти и мигрантски кампови во Македонија, СДСМ и натаму продолжува тврдоглаво со главата во ѕид, мислејќи дека ако повторуваат 100 пати една лага таа ќе стане вистина. СДСМ и Филипче лажеа дека никогаш не говореле за мигрантски кампови, а тие беа истите кои велеа дека Македонија станува голем мигрантски камп и црна точка во Европа – вели Лефков.

За секоја нивна лага следува демант, додаде Лефков, нема извинување, нема одговорност.

– Само лаги, манипулации и деструкција. Основните три начела на СДСМ, затоа и се трета партија во Македонија со 130.000 гласови – рече пратеникот Лефков.

Поврзани содржини