УСТАВНИОТ СУД ВО СРЕДА ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ Поднесени биле 3 иницијативи

Иницијативите се од Арбен Таравари, од Зијадин Села и од студент на Правниот факултет.

209

Три иницијативи се доставени до Уставниот суд на Република Македонија за оценување на уставноста на Законот со кој се овозможува воведување на системот „Безбеден град“, изјави вчера во гостување на ТВ Сител уставната судијка Ана Павловска Данева.

Иницијативите се од Арбен Таравари, од Зијадин Села и од студент на Правниот факултет. Ставени се како точка на дневен ред на Уставниот суд за оваа среда.






– Сите три иницијативи се споени во еден предмет – рече Павловска Данева.

Јавноста сега има можност во живо да ги следи расправите и донесувањето на одлуките на Уставниот суд. Минатата недела Судот одлучи седниците да бидат отворени за јавноста.

Поврзани содржини