СЕ РАСПРСНА ЛАГАТА НА СДСМ ЗА „МИГРАНТИ ЗА ПАРИ“ Николоски вели дека сега може мирно да се посвети на проектите

419

Денес како меур од сапуница се распрсна лагата на СДСМ за „мигранти за пари“, напиша вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски.

„Со Велика Британија имаме Договор за стратешко партнерство и Договор Влада со Влада за реализација на инфраструктурни проекти. Тоа е историско постигнување за Македонија. Откако лагите се распрснаа, сега останува со чист образ да работиме на реализација на проектите: брза пруга Табановце-Куманово-Скопје-Велес-Гевгелија-Солун, болници во Штип, Тетово, Кичево, соработка во одбраната и сајбер-просторот. За доброто на македонските граѓани и вечно пријателство на Македонија и Велика Британија!“, напиша Николоски на Фејсбук.






Реакцијата следи по изјавата на британскиот амбасадор во земјава дека никогаш не се преговарало, ниту се преговара меѓу Британија и Македонија за прием на мигранти.

НИТУ ИМАЛО, НИТУ ИМА ПРЕГОВОРИ ЗА МИГРАНТИ ВО МАКЕДОНИЈА Британскиот амбасадор во Скопје ги отфрла шпекулациите

 

Поврзани содржини