МАРШ ВО СКОПЈЕ ПО ПОВОД 8 МАРТ Посебен режим на сообраќај на неколку улици

СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

341

Во недела (08.03.2026) од 12 часот, поради протестен марш по повод Mеѓународниот ден на жената 8 Март, ќе има посебен режим на сообраќај во Скопје.

Маршот ќе се движи од пред паркот Жена Борец на улицата 11 Октомври, по улицата Димитрија Чуповски, десно по улицата Даме Груев, во продолжение по булеварот ВМРО, лево по булеварот Илинден, десно по булеварот Климент Охридски, лево по улицата Ристо Шишков, десно по улицата Благоја Страчков, десно по улицата Јордан Хаџи Констатинов-Џинот и ќе заврши кај паркот и спомен плочата на Вера Јоциќ.






СВР Скопје апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и упатствата што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Поврзани содржини