ЛАТАС И ЛАЗАРОВ ОСЛОБОДЕНИ ОД ОБВИНЕНИЕТО ЗА КОНТРОВЕРЗНИОТ ПОТКАСТ Преиначена првичната пресуда на Кривичниот суд
Спорниот подкаст беше снимен, односно емитуван на 14 февруари 2023 година. Првично, двајцата добија осудителна пресуда во Кривичниот суд Скопје.
Минатата недела Драган Павловиќ-Латас и јутјуберот Стефан Лазаров добиле ослободителна пресуда за контроверзниот поткаст во кој што гостинот раскажуваше за злоставување и силување девојка во комичен контекст.
Спорниот подкаст беше снимен, односно емитуван на 14 февруари 2023 година. Првично, двајцата добија осудителна пресуда во Кривичниот суд Скопје.
Од Судот за Сдк.мк потврдиле дека во повтореното судење, судијката Дијана Груевска-Илиевска донела ослободителна пресуда.
Двајцата се ослободени согласно член 403, став 1, точка 1 од Законот за кривична постапка. Според наведениот член, делото за кое се обвинети не е кривично дело.
Обвинителот Даниел Коцев ќе поднесе жалба до Апелациониот суд Скопје. По подкастот на 14 февруари 2023, Секторот за компјутерски криминал при Министерството за внатрешни работи (МВР) веднаш достави известување до скопското Обвинителство, беше отворена истрага, а подкастот беше отстранет од Јутјуб.