МИЛИЈАРДЕРОТ МАСК ЈА НАДМИНА ГРАНИЦАТА ОД 800 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ Неговите конкуренти се далеку зад него

На последната листа од десет најбогати во светот само двајца не се од САД.

60

Богатството на милијардерот Елон Маск за прв пат ја премина границата од 800 милијарди долари нето вредност, според најновите податоци за глобалните милијардери.

На последната листа од десет најбогати во светот само двајца не се од САД.






Маск моментално располага со 831 милијарди долари.

Втор на листата е Лари Пејџ основачот на Гугл со 250 милијарди долари

Трет е  Сергеј Брин соосновач на Гугл чие моментално богатство изнесува  231 милијарди долари.

Четврти на листата е  Марк Закерберг  коосновач на Фејсбук со богатство од  224 милијарди долари.

Основачот на Амазон  Џеф Безос се најде петтата позиција. Неговото богатство изнесува 222 милијарди долари

Шести на листата е Лари Елисон, основачот на Оракл со богатство од  195 милијарда долари.

Седмата позиција е на Французинот Бернар Арно чие богатство се проценува на  157 милијарда долари.

Коосновачот на Нвидија, Јенсен Хуанг со богатство од  155 милијарди долари е осми на листата.

На 9 место е рангиран Роберт Валтон со богатство од 143 милијарди долари.

Последен на листата 10 најбогати во светот моментално е Џим Валтон со богатство од 143 милијарди долари.

 

Поврзани содржини