СКОПЈЕ ПОД ПОСЕБЕН РЕЖИМ Доаѓа првиот човек на НАТО, возачите да внимаваат во центарот на градот

Посебен сообраќаен режим утре во центарот на Скопје поради посетата на генералниот секретар на НАТО, полицијата апелира на внимателно движење.

4,099

Во централното градско подрачје на Скопје утре (3 март) ќе има посебен режим на сообраќај поради официјалната посета на генералниот секретар на НАТО, Марк Руте.

Од Министерство за внатрешни работи информираат дека Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на движењето на возилата во центарот на градот, со цел посетата да помине безбедно и непречено.






Од СВР Скопје апелираат до возачите и пешаците да ги почитуваат насоките на полициските службеници и навреме да го планираат своето движење низ градот.

Очекувањата се дека повремени застои ќе има на дел од централните сообраќајници, па надлежните препорачуваат користење алтернативни рути каде што е можно.

Поврзани содржини