МАЈКА СКОКНАЛА ОД ЗГРАДА СО ДЕТЕТО ВО РАКА Трагедија во скопски Карпош, Итната помош само констатирала смрт

Полицијата и обвинителството вршат увид по трагедијата кај зградата „Алумина“ во скопски Карпош.

5,925

Страшна трагедија попладневно ги потресе жителите на скопски Карпош, откако жена и дете го загубија животот по пад од станбена зграда кај објектот „Алумина“.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, околу 14:15 часот во СВР Скопје било пријавено дека мајка со дете скокнале од балкон во зграда во населбата Карпош на булеварот Митрополит Теодосиј Гологанов.






Неофицијално, станува збор за жена на возраст од околу 45 години и девојче на возраст од околу 10 години. Екипа на Итната медицинска помош веднаш пристигнала на местото, но лекарите констатирале смрт кај двете лица.

Жители на населбата сведочат за засилено полициско присуство околу зградата, додека увидни екипи на полицијата и обвинителството работат на утврдување на околностите под кои се случил настанот.

Засега идентитетот на починатите не е соопштен, а од надлежните институции најавуваат повеќе информации по завршувањето на истрагата.

Поврзани содржини