МАКЕДОНИЈА ГИ ПОДРЖУВА САД И ИЗРАЕЛ ВО ВРСКА СО ИРАН Муцунски телефонски разговарал со израелскиот колега Саар
Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и за одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет, соопшти МНР.
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, попладнево оствари конструктивен телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Државата Израел, Гидеон Саʼар, соопшти МНР.
Во разговорот беше реафирмирана поддршката од Македонија за координираните напори на Соединетите Американски Држави и на Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната стабилност и безбедност, се вели во соопштението.
„Беше истакнато дека продолжената блиска соработка е од суштинско значење за мирот и за одвраќањето. Воедно, беше нагласено дека иранскиот народ, како и сите народи во регионот, заслужуваат мир, стабилност и можност за просперитет“, соопшти МНР.