СЕ ВРАЌААТ МАГЛАТА И СТУДЕНИТЕ УТРА Сончево време со мала облачност и со слаб ветер

Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, а по одделни котлини ќе има услови за појава на магла, најавува УХМР.

104

Времето утре ќе биде сончево, со мала до умерена локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.

По одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец.






Утрото ќе биде студено, со најниска темпертура од минус 3 степени во Берово, Маврово и во Крива Паланка. Најтопло ќе биде во Гевгелија, со максимална ддневна температура од 15 степени Целзиусови.

 

Фото: УХМР

Во Скопје времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб југоисточен ветер.

Во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Температурата ќе се движи од минус 1 до 14 степени Целзиусови.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно и релативно топло време.

Утрата ќе бидат постудени и по одделни котлини ќе има услови за појава на слаба магла.

Фото: УХМР
Поврзани содржини