УКРАЛ „ГОЛФ“ И УДРИЛ ВО МАРКЕТ Повредена 23-годишна вработена во Палатица, сторителот побегнал

Украдениот автомобил бил оставен со клуч во бравата, сторителот избегал по сударот.

138

Непознат сторител украл „фолксваген голф“ во тетовско и со возилото удрил во маркет во село Палатица, при што повредена е 23-годишна вработена, информира полицијата.

Според податоците од СВР Тетово, случајот бил пријавен вчера во 22:40 часот од Ќ.И. (78) од село Стримница, кој навел дека автомобилот, сопственост на друго лице, бил паркиран и оставен со клуч на бравата кога бил одземен.






Како што соопштуваат од полицијата, лицето што го одзело возилото се движело кон село Палатица, каде што предизвикало сообраќајна незгода удирајќи во објект на маркет, по што го напуштило местото.

Во инцидентот со телесни повреди се здобила Л.К. (23) од село Палатица, вработена во маркетот. Повредите ѝ биле констатирани во Клинички центар Тетово, а причинета е и материјална штета на објектот.

По наредба на јавен обвинител, возилото е одземено и пренесено во кругот на СВР Тетово. Полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и за целосно расчистување на случајот.

Поврзани содржини