СОНЧЕВ ДЕН СО МАЛКУ ОБЛАЦИ И ВЕТЕР Доаѓа затоплување, со температура до 20 степени
Времето утре ќе биде сончево, со мала локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Времето утре ќе биде сончево, со мала локална облачност, најавува Управата за хидрометеоролошки работи.
Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Најстудено ќе биде во Маврово, каде утринската температура ќе се спушти до минус 4 степени. Во гевгелија ќе биде најтопло, каде се олекува дневна температура до 16 степени.

Во Скопје, исто така, ќе биде сончево, со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец. Температурата ќе се движи од 0 до 15 степени Целзиусови.
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, а дневната температура ќе биде во пораст.
До средината на следната седмица ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а по одредени котлини ќе има појава на магла.
