НАЈЧЕСТО СЕ ЖАЛАТ ЛИЗИНГ КОМПАНИИ И ГРАЃАНИ ШТО ПРОДАЛЕ ВОЗИЛА Во февруари се поднесени 476 приговори за казни од „Безбеден град“

Поднесени се 431 приговор од правни лица и 45 приговори од физички лица. По овие приговори, односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци при Основниот кривичен суд.

246

Во февруари до Основниот кривичен суд Скопје се поднесени вкупно 476 приговори за издадени налози за евидентирани сообраќајни прекршоци преку системот „Безбеден град“.

Поднесени се 431 приговор од правни лица и 45 приговори од физички лица. По овие приговори, односно барања за поведување прекршочна постапка пред суд, постапуваат 16 судии од одделот за прекршоци при Основниот кривичен суд.






Сите поднесени приговори се навремено заведени во судот и согласно одредбите Законот за прекршоци, во утврдениот законски рок од 8 дена, доставени се до Министерството за внатрешни работи за нивно произнесување, што претставува неопходен предуслов за понатамошно постапување.

„Поради тоа, до овој момент судот нема донесено правосилна судска одлука по сообраќајните прекршоци евидентиран преку системот „Safe City“, а по кои граѓаните или правните лица истакнале приговор.

Со цел запознавање на јавноста за најчесто евидентираните прекршоци, информираме дека најголем дел од приговорите се однесуваат на прекршоци поврзани со неприспособена брзина, поминување на црвено светло и управување со нерегистрирано возило“, навеедуваат од Судот.

Како најзначајни предизвици во тековниот период се издвојуваат приговорите поднесени од правни лица – лизинг компании за возила дадени на користење врз основа на договор за лизинг, како и приговори од граѓани кои претходно ги отуѓиле своите возила, но истите не биле одјавени во Министерството за внатрешни работи, поради што им биле издадени прекршочни налози.

Основниот кривичен суд Скопје, ценејќи ја важноста и јавниот интерес за воведувањето на новиот систем за безбедност во сообраќајот, ќе продолжи да постапува по сите предмети во законски утврдените рокови и навремено и транспарентно да ја информира јавноста за понатамошниот тек на постапките, но и за сите предизвици и обврски кои граѓаните се должни да ги преземат.

Основниот кривичен суд Скопје информира дека граѓаните и правните лица кои не ја прифаќаат одговорноста за сторениот прекршок имаат законско право да поднесат приговор до надлежниот суд.

Поврзани содржини