ЉУБОВНАТА ПРИКАЗНА НА ШАРЕНАТА МАНЕКЕНКА И КОШАРКАРОТ Луксузна свршувачка над облаците ја запечати нивната љубов
Манекенката Вини Харлоу и познатиот кошаркар Кајл Кузма ја започнале својата љубов сосема неочекувано, со една порака преку социјалните мрежи. Денес, тие се верени и планираат заедничка иднина по романтичното запросување над облаците.
Вини Харлоу е едно од најпрепознатливите лица на светската модна сцена денес, поради својот уникатен изглед кој ѝ го додава витилигото на нејзината убавина, но нејзината љубовна приказна со НБА кошаркарот Кајл Кузма го привлече вниманието на јавноста исто колку и нејзината појава и кариерата. Нивната романса се развивала постепено, а започнала, сосема неочекувано, преку социјалните мрежи.
Сè започнало во март 2020 година, на самиот почеток на пандемијата. Кузма ја контактирал преку Инстаграм, а подоцна раскажа како било во „Шоуто на Елен Деџенерес“.
– На почетокот на карантинот, тој повторно ми испрати порака. Едноставно одлучил да се обиде. Мислев дека е тоа навистина слатко. Му одговорив: „Еј, како оди карантинот?“, рече таа во тоа време.
Интересно е што тоа не бил неговиот прв обид. Како што откри познатата манекенка, тој ѝ испратил порака една година претходно, но таа никогаш не ја видела.
– Немам поим што се случи со Инстаграм, но таа порака едноставно никогаш не се појави – објасни таа.
Откако конечно воспоставиле контакт, почнале да разговараат секојдневно. Во тоа време, Кузма играл за Лос Анџелес Лејкерс, додека Харлоу живеела во Њујорк. Врската на далечина брзо се претворила во нешто посериозно.
– По еден месец, буквално бевме на FaceTime цел ден. Потоа ми рече: „Мора да дојдеш во Лос Анџелес““, се присети таа во истата емисија.
Во април 2020 година, тие почнале да се забавуваат, и тоа го правеле подалеку од очите на јавноста. Бидејќи пандемијата штотуку започна, Кузма организирал приватен лет за да ја донесе кај него. Тој зборуваше за тоа во февруари 2023 година во квизот за парови на GQ.
– Пандемијата штотуку започна и речиси никој не леташе со редовни летови. Сè изгледаше небезбедно. Па ѝ реков да дојде со приватен лет. Тоа беше нашата прва средба во живо. Навистина сакав да ја видам, а тоа беше најбезбедниот начин. Така сè започна – рече тој.
Харлоу, исто така, откри за „Пипл“ во јули 2021 година како тие станале официјален пар. Една ноќ, додека се подготвувал за спиење, Кузма ја изненадил со едноставна реченица.
– Бев кај него и никој не знаеше за нас во тоа време. Се подготвував за спиење, а тоа ми одзема долго време – серуми, нега, туширање… Во еден момент тој рече: „Може ли да се гушкам со девојка ми?“ Застанав и помислив: „Девојка? Во ред… значи тоа е тоа.“ Така всушност станавме пар – рече таа.
За нивниот прв заеднички Ден на вљубените во февруари 2021 година, Вини се огласи на Инстаграм за да покаже колку многу ѝ значи тој.
Таа го нарече „најдоброто момче што една девојка може да го посака“ и му се заблагодари што е „рамо за плачење и рака за држење“, а останатото е историја.
View this post on Instagram
Нивната љубов добила нова димензија на 13 февруари минатата година, кога Кузма ѝ предложил брак. Неколку дена подоцна, тие ја споделија среќната вест на Инстаграм, а нејзиниот веренички прстен со 8,5-каратен овален дијамант привлече посебно внимание.
Тие ги открија деталите од предлогот за брак за „Вог“. Кузма клекнал пред својата сакана за време на приватниот авионски лет до Туркс и Кајкос, каде што го поминале и својот прв заеднички одмор.
– Кога се качив во авионот и ги видов розите, балоните, чоколадото и шампањот, дури и не помислив дека е предлог. Само помислив дека е прекрасно изненадување за Денот на вљубените – изјави таа за „Вог“.
Потоа Кузма ѝ прочитал песна што ја напишал за неа. Во еден момент, ѝ поминала низ глава мислата дека можеби е предлог за брак, но не сакала да нагаѓа.
– Не сум од оние што го расипуваат изненадувањето со претпоставки – објаснила таа, и сè ѝ станало јасно кога тој го прочитал последниот ред во кој ја прашал дали ќе му биде сопруга.
View this post on Instagram
Од порака на Инстаграм до свршувачка над облаците, нивната приказна покажува дека љубовта понекогаш наоѓа пат дури и во најнеобични околности.