НОКАУТ-ФАЗАТА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИ Е КОМПЛЕТИРАНА Европските гиганти се подготвуваат за ждрепка

По драматичните реванши во плејофот, познати се сите учесници во осминафиналето на Лигата на шампиони.

1,135

Реал Мадрид, Галатасарај и Пари Сен-Жермен се последните патници во осминафиналето на Лига на шампиони, откако пласман меѓу 16-те најдобри екипи преку плејофот претходно вечерва обезбеди и Аталанта.

Откако минатата недела во Истанбул претрпе шокантен пораз од 5-2, Јувентус вечерва во Торино беше на чекор до подвиг. Италијанскиот тим во регуларните 90 минути водеше со 3-0 со головите на Локатели (37), Гати (70) и Мекени (82).






Сепак, „старата дама“ играше со фудбалер помалку по исклучувањето на Кели во 47. минута и потклекна во продолженијата. Осимен (105+1) и Јилмаз (119) погодија за Галатасарај, кој со вкупни 7-5 се пласираше во осминафиналето — првпат од 2014 година.

Актуелниот европски првак ПСЖ одигра 2-2 против Монако во Париз и со вкупни 5-4 продолжува понатаму.

Аклиуш му донесе водство на гостинскиот тим во 45. минута. Маркињос (60) и Кварацхелија (66) направија пресврт, откако Монако остана со играч помалку по исклучувањето на Кулибали во 58. минута. Тезе (90+1) израмни, но гостите не успеаја да изборат продолженија.

На „Сантијаго Бернабеу“, Реал Мадрид ја совлада Бенфика со 2-1 и со вкупни 3-1 го елиминира составот на Жозе Мурињо.

Рафа Силва донесе водство за Бенфика во 14. минута, но Чуамени израмни само две минути подоцна. Победничкиот гол за „кралскиот клуб“ го постигна Винисиус во 80. минута.

Претходно вечерта, Аталанта ја победи Борусија Дортмунд со 4-1 и со вкупни 4-3 го елиминира германскиот вицешампион.

Кој сè е во осминафиналето

Пласман преку плејоф обезбедија:
— Атлетико Мадрид
— Баер Леверкузен
— Бодо/Глимт
— Њукасл

Директно од лигашката фаза се пласираа:
— Арсенал
— Баерн Минхен
— Ливерпул
— Тотенхем
— Барселона
— Челзи
— Спортинг
— Манчестер Сити

Жрепката за осминафиналето ќе се одржи в петок во Нион, а првите натпревари се закажани за 10 и 11 март.

Поврзани содржини