ПЛАЖАТА ЕЛАДОНИСИ НА КРИТ Е НАЈДОБРА ВО ЕВРОПА Еве кои други плажи се најдоа на листата од 10

Во десетте најдобри се најдоа уште 4 плажи во Грција (три плажи на Крит и една плажа на островот Крф), по две италијански и шлански плажи и по една плажа во Португалија и Франција.

351

Плажата Елафониси, на југозападниот дел од Крит, Грција е прогласена за најдобра плажа во Европа според изборот на патниците на Tripadvisor.

Розовиот песок и тиркизното море повторно ги освоија срцата на патниците, а наградата „Најдобро од најдобрите“ од Travellers’ Choice го потврди својот статус како една од најпосакуваните летни дестинации.






Оваа плажа беше прогласена за најдобра плажа во светот во 2025 година. Оваа година, глобалната титула ја понесе Исла Пасион во Мексико, но Крит постигна и исклучителен успех во 2026 година со дури три плажи меѓу десетте најдобри во Европа.

Во десетте најдобри се најдоа уште 4 плажи во Грција (три плажи на Крит и една плажа на островот Крф), по две италијански и шлански плажи и по една плажа во Португалија и Франција.

Топ 10 плажи во Европа според Tripadvisor

  1. Плажата Елафониси, Крит, Грција
  2. Лагуната Балос, Крит, Грција
  3. Праја да Фалесија, Олхос де Агуа, Португалија
  4. Плажата Ла Пелоса, Сардинија, Италија
  5. Плажата Фаласарна, Крит, Грција
  6. Платја де Муро, Мајорка, Шпанија
  7. Плажата Палеокастрица, Крф, Грција
  8. Spiaggia dei Conigli, Лампедуза, Италија
  9. Плаја де Маспаломас, Гран Канарија, Шпанија
  10. Плаж де Паломбаџа, Порто-Векио, Франција

Наградата „Најдобро од најдобрите“ по избор на патници се доделува на дестинации кои собрале голем број исклучителни кориснички прегледи и мислења во период од 12 месеци. Од повеќе од осум милиони објавени локации на Tripadvisor, помалку од еден процент го добиваат ова признание.

Поврзани содржини