ЌЕ СВЕДОЧАТ ПЕТМИНА СВЕДОЦИ Продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани
Претходното рочиште на 19 февруари беше одложено, затоа што четвртообвинетиот Гроздан Милковски беше на болничко лекување во Општата болница во Кочани. На Милковски, кој е сопственик на објектот во кој се наоѓаше дискотеката „Пулс“, му се слоши на рочиштето на 5 февруари, поради што судењето беше прекинато.
Со искази на петмина сведоци предложени од Јавното обвинителство, денеска во судницата на Кривичниот суд во Идризово ќе продолжи судењето на обвинетите за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 луѓе, а над 220 беа повредени. За катастрофата што се случи на 16 март 2025 година им се суди на 35 физички и на 3 правни лица, за делото Тешки дела против општата сигурност.
Претходното рочиште на 19 февруари беше одложено, затоа што четвртообвинетиот Гроздан Милковски беше на болничко лекување во Општата болница во Кочани. На Милковски, кој е сопственик на објектот во кој се наоѓаше дискотеката „Пулс“, а му го издавал на првообвинетиот Дејан Јованов Деко, му се слоши на рочиштето на 5 февруари, поради што судењето беше прекинато.
Тоа беше второ одложување на рочиште откако судењето почна на 19 ноември 2025 година, а првото беше на 14 јануари оваа година, откако еден од обвинетите остана без бранител, поради тоа што неговата адвокатка беше избрана за член на Судскиот совет.
Кривичниот суд на 18 февруари информираше дека претседателот на судечкиот совет, судијката Диана Груевска Илиевска телефонски разговарала со докторите кои го лекуваат обвинетиот Милковски и тие изразиле уверување дека неговата здравствена состојба ќе се подобри и ќе може да продолжи да ја следи главната расправа.
На рочиштето на 5 февруари сведочеа двајца пожарникари и девојка која кобната вечер била на концертот на групата ДНК во „Пулс“. Пожарникарите раскажаа дека кога пристигнале по дојавата за пожарот веднаш почнале да ги извлекуваат младите луѓе кои во стампедото што настанало од паника останале заглавени на скалите, на влезната врата, во ходникот, во билетарницата, како и во тоалетите. Дел од настраданите ги извлекле живи, а дел биле мртви. Дојавата за пожарот ја примиле во 2.25 часот, а го изгаснале околу 4 часот.
Во процесот се обвинети сопственикот на дискотеката, управителите, членовите на обезбедувањето, поранешни градоначалници на Кочани, градежни и пазарни инспектори, поранешни директори на Дирекцијата за заштота и спасување, поранешни министри за економија, службеници во Министерството за економија, за дејствија што ги преземале или не ги преземале во периодот од 2012 година до денот на пожарот, а поради што настанала катастрофата.