ПОЧНУВА СУДСКИОТ ПРОЦЕС ЗА ГРУБИ, А ЌЕ ПОЧНЕ И ЗА СИТЕ НЕГОВИ ОРТАЦИ Во ВМРО-ДПМНЕ го разбираат револтот на граѓаните за куќниот притвор на бегалецот

Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 отсто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

3,694

Судскиот процес за Артан Груби почнува, а допрва ќе почне и за сите негови ортаци. Правда ќе има, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

„Го разбираме револтот на граѓаните од одлуката на правосудните органи со 2 отсто доверба од граѓаните за случајот со Артан Груби. Тоа незадоволство доаѓа по 7-годишна агонија на правосудните органи кои беа под политичка тортура и притисок на криминалната банда СДС-ДУИ и серија неказнивост за политичарите кои од просечно ситуирани граѓани станаа олигарси на грбот на граѓаните. Тоа време заврши, а криминогениот и до гуша во афери Артан Груби ќе одговара“, се наведува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.






Оттаму велат дека извршната власт во овој случај имала обврска да го обезбеди бегалецот пред органите на правдата и МВР го направило тоа.

„Што се однесува до лицемерието на СДС тоа се гледа и во фактот што до вчера велеа дека власта го пуштила да избега, а од денес велат дека е договорено неговото обезбедување пред органите на прогонот. Вистината е дека Артан е ортак во криминалите на Заев, Филипче, Спасовски и сите заедно ќе одговараат“, се нагласува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани содржини