ВНУКАТА НА ГАБИ НОВАК ВО ПРОВОКАТИВЕН КОМБИНЕЗОН Фотографиите на ќерката на покојниот Матија Дедиќ предизвикаа лавина реакции

По двојната трагедија што ја доживеа минатата година, прво смртта на нејзиниот татко Матија, а потоа и на нејзината баба, голема музичка дива, Габи Новак, младата пејачка Лу Дедиќ со привлече големо внимание со своите фотографии на Инстаграм.

171

Внуката на легендарните Габи Новак и Арсен Дедиќ, по долго молчење на социјалните мрежи, конечно проговори.

Лу Дедиќ го објави својот последен пост пред повеќе од половина година, по загубата на нејзиниот татко Матија Дедиќ и нејзината баба Габи Новак, кога емотивно се збогуваше со нив.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lu ♌︎² (@lu.dedic)

Обожавателите со нетрпение го очекуваа нејзиното враќање, а Лу сподели фотографии на кои покажува дека полека се враќа во јавниот живот.

По тежок период обележан со болни загуби – смртта на нејзиниот татко Матија Дедиќ и баба Габи Новак, младата пејачка се врати со фотографии кои зрачат со самодоверба и сексапил, нудејќи увид во нејзината трансформација.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lu ♌︎² (@lu.dedic)

Таа позираше во црн тесен комбинезон со изразено деколте. Шпекулациите дали подготвува нов сингл или правела модна фото-сесија, се во полн ек, а обожавателите ја обсипаа со емотикони во форма на срце и комплименти.
Ова е првото големо ажурирање на социјалните мрежи, а со оглед на нејзиното музичко наследство, се очекуваат нови музички дела.

Лу досега објави неколку успешни синглови.
Неодамна се појави во јавноста со нејзината мајка Марина Скоти. Во Музејот на современа уметност во Загреб се одржа специјален концерт на џез-оркестарот на ХРТ, на кој диригираше Мирон Хаузер, посветен на Матија Дедиќ.

Нивното присуство го претвори концертот во незаборавен емотивен момент.

 

Поврзани содржини