ЛАСКАРЦИ ЌЕ ДОБИЕ ВОДОВОДНА МРЕЖА И АТМОСФЕРСКА КАНАЛИЗАЦИЈА Ќе се уредува и коритото на Сува Река

Наскоро ќе започне и уредувањето на Сува Река, со што ќе се обезбеди трајно решение за намалување на ризикот од поплави во населените места на оваа општина.

89

Водоводна мрежа и атмосферска канализација почна да се гради во селото Ласкарце во општина Сарај.

– Правиме пресврт во начинот на кој ја третираме состојбата на терен. Целта е трајно да ги решиме инфраструктурните проблеми – изјави министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа, денеска присуствуваше на почетокот на изградбата.






Инвестицијата во Ласкарце за изградба на водоводната мрежа и на атмосферската канализација изнесува 85 милиони денари, обезбедени од Министерството за животна средина и просторно планирање. Таа е дел од поширок пакет проекти со кои систематски се решаваат долгогодишните проблеми на граѓаните во општина Сарај.

Наскоро ќе започне и уредувањето на Сува Река, со што ќе се обезбеди трајно решение за намалување на ризикот од поплави во населените места на оваа општина.

 

Поврзани содржини