📽️ НАЈЛУДАТА ЗАВРШНИЦА ВО ИСТОРИЈАТА НА ЗОИ Ова е најневеројатниот финиш досега, никој не го очекуваше победникот

На Зимските олимписки игри, хаотичен финиш во четвртфиналето на шорт-трак трката донесе победа за Абзал Ажгалиев од Казахстан, додека италијанскиот натпреварувач изгуби контрола и лизгаше наназад.

269

На Зимските олимписки игри во Милано-Кортина се случи спектакуларен и неочекуван момент на шорт-трaк трката во четвртфиналето. Натпреварот заврши со сцена која ретко се гледа, натпреварувачот кој беше последен, на крајот, излезе како победник.

Сите ривали пред него се судрија во самиот финиш, создавајќи хаос на патеката. Еден од лизгачите, италијанскиот претставник, дури изгуби контрола и почна да лизга наназад. Меѓутоа, казахстанскиот натпреварувач Абзал Ажгалиев успеа да ја искористи ситуацијата, да ја премине целта без проблеми и да се пласира во полуфиналето.






Иако италијанскиот лизгач беше на прагот да изненади и да заврши прв, несреќата на патеката му ја отежна завршницата, и Ажгалиев се најде на вистинското место во вистинско време.

Овој момент ја покажува непредвидливоста на шорт-трак лизгањето, каде секоја грешка на патеката може драстично да ги промени шансите на натпреварувачите.

 

Поврзани содржини