ГРЧКАТА БИЗНИС АСОЦИЈАЦИЈА ПРОДОЛЖУВА СО СИЛНО ПРИСУСТВО ВО МАКЕДОНИЈА Компаниите со грчки капитал вработуваат илјадници луѓе

Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија ги обединува најголемите грчки инвеститори во земјава, меѓу кои се Цементарница Титан Усје, Жито Лукс АД Скопје, Секе ЛТД Прилеп, Олимпус, Орбит ЛТД Скопје, Алумил ЛТД Скопје, Пивара Скопје АД, ЕГНА Консалтинг, како и други компании.

102

На Собранието одржано денеска, Грчката бизнис асоцијација во Македонија го реизбра Арис Влахос за претседател на Асоцијацијата.

За членови на Управниот одбор избрани се истакнати претставници на водечки компании со грчки капитал во земјава: Илијас Пападопулус од Стопанска банка Скопје, членка на NBG Group, Димитрис Пасхос од ОКТА, членка на Hellenic Energy Group, Илијас Тсукалас од ЕДС, членка на PPC Group и Василис Анагносту од Мермерен комбинат Прилеп, Павлидис Групација.






Со ова, Грчката бизнис асоцијација го продолжува своето активно и силно присуство во државата, останувајќи посветена на унапредување на економската соработка и поттикнување на нови инвестиции. Асоцијацијата има клучна улога како мост на соработка меѓу бизнис-заедниците на двете земји, придонесувајќи кон продлабочување на економските односи и стабилен економски раст.

Грчката бизнис асоцијација во Северна Македонија ги обединува најголемите грчки инвеститори во земјава, меѓу кои се Цементарница Титан Усје, Жито Лукс АД Скопје, Секе ЛТД Прилеп, Олимпус, Орбит ЛТД Скопје, Алумил ЛТД Скопје, Пивара Скопје АД, ЕГНА Консалтинг, како и други компании.

Овие компании обезбедуваат илјадници работни места и претставуваат значаен двигател на националната економија, со директен придонес во бруто-домашниот производ и економскиот напредок на државата.

Поврзани содржини