ПОСЕБЕН РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ ВО СКОПЈЕ Протест пред Владата од 11 часот

Можни пренасочувања во центарот поради протестот на синдикатите.

122

Денеска во Скопје ќе има посебен режим на сообраќај поради протест што ќе го организира Сојузот на синдикати на Македонија.

Протестот ќе започне во 11:00 часот пред Владата, на булеварите Илинден и Свети Климент Охридски“. Од полицијата информираат дека, доколку има потреба, сообраќајот ќе биде пренасочен по околните улици.

Поради настанот, Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за регулирање на движењето во централното градско подрачје.

Од надлежните апелираат до граѓаните да ги почитуваат насоките и наредбите на полициските службеници, со цел непречено и безбедно одвивање на сообраќајот.

Поврзани содржини