📷 КИМ ЈОНГ УН ИМ ПОДИГНА НАСЕЛБА НА ЗАГИНАТИТЕ ВОЈНИЦИ Неговата ќерка беше ѕвезда на отворањето

Претседателот на Северна Кореја отвори нов станбен комплекс во Пјонгјанг за семејствата на севернокорејските војници загинати во прекуокеански операции, додека неговата ќерка Џу Ае сè почесто се појавува во јавноста како негов можен наследник.

304

Нови станбени блокови никнаа во Пјонгјанг. Клучевите ги добиваат семејствата на војниците загинати во прекуокеански операции. Севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун лично ја отвори населбата, придружуван од својата ќерка Ким Џу Ае, за која се вели дека наскоро и официјално ќе стане негова наследничка.

Точниот број на севернокорејски војници убиеи во Русија не е познат, бидејќи Пјонгајанг не објавува бројки. Според западни извори и службите на Јужна Кореја, се работи за 6.000 севернокорејски загинати војници, од вкупно испратени 14.000 на фронтот на западот на Русија.






„Духот и жртвата“ како темел на новата населба

Во говорот при отворањето на населбата Ким изјавил дека новата населба ги симболизира „духот и жртвата“ на паднатите војници.

Јонг Ун додал дека домовите ќе им помогнат на ожалостените семејства „да бидат горди на своите синови и сопрузи и да живеат среќно“.

Фотографиите објавени од државната телевизија на Северна Кореја го прикажуваат лидерот како ги теши семејствата. Ги посетува нивните новоизградени станови.

Ќерката во прв план, наследничка во сенка?

Покрај Ким стоела неговата ќерка Џу Ае. Таа во последните 3 години сè почесто се појавува на државни настани.

Била присутна на ракетни тестови. На воени годишнини. На големи национални прослави.

Агенцијата Ројтерс оценува дека расте шпекулацијата дали тинејџерката се подготвува за можно наследување.

Северна Кореја и Русија потпишаа договор за меѓусебна одрбана во 2024 година. Западните медиуми шпекулираат дека за возврат на Пјонгјан му е ветена воена технологија од Москва.

Поврзани содржини