ВО 2020 ГОДИНА ВЛАДАТА НА СДСМ Ѝ ДАЛА ОДОБРЕНИЕ НА ФИРМАТА ОД КОЈА БЕА ЗАПЛЕНЕТИ 30 ТОНИ МАРИХУАНА Излезе на виделина поврзаноста со Филипче и со Заев
Фирмата „ЦБД Медплант“ ДОО од селото Борисово на Тони Котев, на која ѝ беа запленети 30 тони дрога, во 2020 година добила одобрение од Владата за одгледување марихуана за медицински цели, изјави денеска на прес конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.
– Во тој период Филипче е министер за здравство и тој лично ги одобрува лиценците за одгледување на марихуана, што значи дека не само што се знае и соработувал со Тони Котев, туку и му помогнал да го почне и работи овој бизнис. Дека Филипче заедно со Заев цврсто се бореше за овој бизнис говори и фактот што силно се заложуваше марихуаната да се користи и за лична потреба. Ај што поддржуваше легализација заедно со Заев, ај што даде 50 лиценци на лица блиски до него, Заев и СДС, туку и се залагаше за експорт на цветот од канабис – рече тој.
Петрушевски прашува дали поради тоа во 2023 година, власта на СДСМ го променила Правилникот за одгледување канабис и колкава сума требало да добие ова, како што рече, криминално дуо.
Тој го повика Јавното обвинителство да ја истражи поврзаноста на Заев и Филипче со дрогата.