УСТАВНИОТ СУД ВОВЕДУВА РЕДОВНИ СРЕДБИ СО ГРАЃАНИТЕ Секој прв четврток ќе се подига свеста за уставно загарантираните права

80

Уставниот суд на Република Северна Македонија, по повод 62-годишнината од првата седница одржана на 15 февруари 1964 година, ги повикува граѓаните на редовни средби со претседателот Дарко Костадиновски, кои ќе се одржуваат секој прв четврток во месецот.

Прес-службата на Уставниот денеска соопшти дека целта на средбите е да се приближи работењето на овој суд до граѓаните, да се подигне свеста за уставно загарантираните права и да се објасни начинот на правилно поднесување поднесоци.






Средбите претставуваат можност граѓаните одблизу да се запознаат со надлежностите, постапките и со значењето на одлуките на Уставниот суд во заштита на правата и слободите.

За учество, заинтересираните можат да се пријават на електронската адреса [email protected], а за дополнителни прашања на располагање е и телефонскиот број +389 2 322 3626.

Поврзани содржини