МУМИФИЦИРАНО ТЕЛО НА ЖЕНА ОТКРИЕНО ВО ГЕРМАНИЈА Ќерката примала пензија години по нејзината смрт

Сомневањата се појавиле дури кога соседите, по долгото отсуство на сопственичката, почнале да се прашуваат дали таа повеќе е жива. Тогаш полицијата извршила проверка и ги потврдила најлошите претпоставки.

365

Малиот баварски град Румансфелден е потресен од морничава приказна која со години останала незабележана. Во куќа покриена со бршлен и со испукана фасада, полицијата на почетокот на февруари го пронашла мумифицираното тело на жена родена во 1922 година.

Според истражителите, телото било пронајдено во подрумот и било во напредна фаза на распаѓање, што го отежнало утврдувањето на точниот датум и причината за смртта. Засега, обвинителството наведува дека нема индикации за насилна смрт.






Сомневањата се појавиле дури кога соседите, по долгото отсуство на сопственичката, почнале да се прашуваат дали таа повеќе е жива. Тогаш полицијата извршила проверка и ги потврдила најлошите претпоставки.

Но, случајот добива нова димензија, се истражува можноста ќерката на починатата, која има 82 години, да ја примала пензијата на мајка ѝ години по нејзината смрт. Според германскиот таблоид Билд, ќерката цело време живеела во куќата, но била повлечена и ретко комуницирала со соседите. Една сосетка изјавила дека повремено носела храна, но никогаш не ѝ било дозволено да влезе во куќата, намирниците биле оставани пред вратата.

Во меѓувреме, ќерката е сместена во специјализирана медицинска установа, додека баварските власти го третираат случајот како можна долгорочна злоупотреба на државните бенефиции. Доколку се потврди дека пензијата била примена без законска основа, станува збор за долгорочна финансиска измама со сериозни правни последици.

Иако нема докази за насилство, мистеријата околу точното време на смртта и како телото останало неоткриено со години продолжува да вознемирува во овој обично мирен град.

Поврзани содржини