ИНДИЈА ЌЕ ПЛАТИ 280 МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ ЗА АВИОНИ ОД ФРАНЦИЈА Ќе купи 114 борбени „рафали“
Предлогот за купување на француските борбени авиони „рафал“ го отвора патот за дискусии за комерцијалните и техничките детали од договорот меѓу двете земји по посетата на францускиот претседател Емануел Макрон на Индија.
Советот за одбранбени набавки на Индија ја одобри првичната понуда за купување 114 борбени авиони „рафал“ од францускиот производител „Дасолт авиејшн“ за 3,25 трилиони рупии (280,4 милијарди долари), објавија локалните медиуми.
Делхи долго време се потпираше на увоз на оружје и опрема, а неодамна премиерот Нарендра Моди усвои политика за стимулирање на локалното производство.
За индиските воздухопловни сили ерата на локално производство почна во 80-тите, но тоа вроди со плод дури во последната деценија кога борбениот авион „теџас“ на индиската компанија ХАЛ влезе во борбена должност заменувајќи го советскиот „миг-21“.
Зголемените тензии со соседните земји наметнаа потреба од модернизација на армијата.