ПАДНАЛА ОД АВТОБУС, ПА Ѝ ЈА ПРЕГАЗИЛ НОГАТА Тешко повредена скопјанка во центарот на градот

Жената паднала при излегување од автобус, по што возилото ѝ ја прегазило ногата.

902

Седумдесет и двегодишна жена е тешко повредена во несреќа што се случила вчера напладне на улицата Св. Кирил и Методиј во центарот на Скопје.

Според информациите од полицијата, жената паднала при излегување од автобус „мерцедес“, по што возилото ѝ ја прегазило ногата. Автобусот го управувал 56-годишен скопјанец.






Повредената веднаш била пренесена во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, каде што ѝ биле констатирани тешки телесни повреди.

Полицијата извршила увид на местото на настанот и ги утврдува околностите под кои се случила несреќата.

Поврзани содржини