„АУДИ“ И ДВА „ГОЛФА“ ИЗГОРЕА ВО БАТИНЦИ Пожар уништи три возила, при гаснењето бил повреден маж

Огнот избувнал во раните утрински часови, а причините сè уште се утврдуваат.

163

Три автомобили изгореа ноќеска во пожар што избувнал во гаража во скопското село Батинци.

Според информациите од полицијата, пожарот бил пријавен околу 3:50 часот по полноќ. Во огнот биле зафатени „ауди“, „фолксваген голф 7“ и „фолксваген голф 8“, сите со скопски регистарски ознаки. Возилата биле сопственост на две скопски фирми.






Екипи на скопската Противпожарна бригада интервенирале на терен и го изгаснале пожарот. За време на интервенцијата, 48-годишен жител на Батинци се здобил со повреда.

Полицијата извршила увид на местото на настанот, а се утврдуваат причините за пожарот.

Поврзани содржини