НАВРЕДАТА КОН ЕДНА Е НАВРЕДА ВРЗ СИТЕ ЖЕНИ Пешевска жестоко му одговори на Трендафилов за Стојановска

Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите жени во јавниот живот! Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, остро го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена 'монструм'!, напиша пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ повикувајќи го Клубот на пратенички, жените од СДСМ и сите други партии да застанат заедно против навредливиот говор кон жените.

696

Пратеничката Жаклина Пешевска од ВМРО-ДПМНЕ остро ги осуди наводите на претседателот на ССМ Слободан Трендафилов со кој пратеничката Дафина Стојановска беше наречена „монструм“. Taa ги повика Клубот на пратенички, жените од СДСМ и жените од сите други партии да застанат јасно и заеднички против навредливиот говор кон жените.

Споделувајќи слика со својата колешка и сопартијка Стојановска, Пешевска на Фејсбук напиша:






„Навредата кон жена (без разлика на партиската припадност) е напад врз сите жени во јавниот живот! Како претседателка на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ и претседателка на собраниската Комисија за еднакви можности на жените и мажите, остро го осудувам говорот со кој пратеничка е наречена ‘монструм’!

Тоа е деградирачки и понижувачки наратив насочен кон жена затоа што гласно зборува и ја говори вистината. Остро го осудувам Слободан Трендафилов за навредливиот говор и обидите преку манипулација на работниците да гради личен и политички профит!

Ваквиот говор не ја труе само политичката дебата, туку испраќа опасна порака до сите девојчиња и жени дека јавниот простор е место каде навредата е дозволена.

Тоа не смееме да го нормализираме!

Дафина Стојаноска е пример за силна, гласна и храбра жена која не се повлекува пред притисоци и напади, туку достоинствено ја брани својата позиција. Го повикувам Клубот на пратенички и сите жени во Собранието, без оглед на политичката боја, да застанеме јасно и заеднички против ваквиот говор.

Денес е нападната една пратеничка, утре метата може да биде било која од нас. Достоинството на жените во политиката е прашање на вредности и на демократска зрелост!“.

Поврзани содржини