СО „РЕНО“ УДРИЛ ЖЕНА И ПОБЕГНАЛ Полицијата го пронаjде
Во несреќата со телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – се вели во информацијата од МВР.
Возач од Скопје вчера попладне прегазил жена на улица и побегнал, но подоцна е пронајден од полицијата и приведен на службен разговор, информира МВР.
„На 10.02.2026 околу 16:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул. „Његошева“ во Скопје, патничко возило „рено“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.С.(46) удрило во 69-годишната В.Д., по што возачот со возилото го напуштил местото на настанот. Во несреќата со телесни повреди се здобила В.Д., констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ – се вели во информацијата од МВР.
По преземени мерки, возачот е пронајден, со него бил извршен службен разговор и известен е јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава.