🎥 СЕВЕРИНА КАКО СУПЕРМЕНКА ВО ПТУЈ Пејачката не сакала да си оди од сцената, на крајот морале да ја „истераат“

Пејачката со години е редовен гостин на карневалската сцена во Птуј, а сега се врати како една од главните ѕвезди на вечерта. Публиката ги отпеа со неа нејзините најголеми хитови, а таа беше толку расположена што не сакаше да си оди, пишуваат словенечките медиуми

272

Регионалната музичка ѕвезда Северина, настапила во Птуј минатиот викенд, во склоп на тамошниот карневал. Пејачката со години е редовен гостин на карневалската сцена во Птуј, а сега се врати како една од главните ѕвезди на вечерта.

Публиката ги отпеа нејзините најголеми хитови заедно со неа, а не остана незабележан ниту нејзиниот интересен аутфит, пишуваат словенечките медиуми.






 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

А дека Северина била одлично расположена, може да се види и во видеата објавени на нејзиниот профил на Инстаграм.

Во еден момент, таа не сака да се симне од сцената дури ни кога Аленка Милано се обидува да ја „извлече“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

– Да не беше Аленка Милано, концертите ќе траеја шест часа – напиша Северина.

Аленка е, за оние кои не знаат, жена чиј глас можете да го чуете во песните на речиси сите домашни музичари. Со години, овој мајстор на музичката уметност и култура стои веднаш до Северина на секој нејзин настап, како придружен вокал.

Покрај музиката, Северина и Аленка ги поврзува и долгогодишно пријателство бидејќи заедно оделе во средно училиште.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Severina (@severina)

Поврзани содржини