📽️ ДЕПОНИЈА ПЛОВИ ПО ДРИНА Алармантни снимки ја разоткриваат негрижата за балканската река
Најновите снимки од нешто што наликува на минидепонија која плови во Дрина повторно ја отворија темата што тлее со години. Инидицијативата Академски пленум од Србија предложи стационарен систем за отстранување отпад, поставен на местата каде што ѓубрето природно се задржува, кој би работел непрекинато.
Реката Дрина, природната граница меѓу Србија и Босна и Херцеговина, некогаш нарекувана „зелена убавина“, денес изгледала како отворена рана. Кадарот што кружи по социјалните мрежи не остава простор за рамнодушност. Пловечки теписи од пластика, остатоци од домаќинства и отпад од непознато потекло ја гушат водата.
Покрај видеото, порталот „Први Први на скали“ на Инстаграм објавил коментар од Бранислав Станковиќ, историчар од Шабац:
„Кога човек ќе го види ова, може само да плаче за судбината на оваа земја. Не ѝ требаат непријатели. Доволно е да има неуредена држава. Сите сме држава. Од каде доаѓа ова количество уништување во нас?“
Најновите снимки повторно ја отворија темата што тлее со години. Инидицијативата Академски пленум од Србија предложи стационарен систем за отстранување отпад, поставен на местата каде што ѓубрето природно се задржува, кој би работел непрекинато.
„Системот вклучува насочување на отпадот со лебдечки бариери, механичко собирање, наклонет лентен транспортер и директно товарење во камиони“, се вели во нивното соопштение.
Според проценките, ваквото решение овозможувало отстранување на повеќе од 20 тони отпад дневно со минимална потрошувачка на енергија.
Најголемиот дел од ѓубрето на Дрина се акумулира кај хидроелектраните, а повремените акции за чистење не го решаваат проблемот.
View this post on Instagram