🎥 ОД ФИРМА БЛИСКА НА ЗАЕВИ И НА СДСМ УТРОВО ОДЗЕМЕНИ 21 ТОН КАНАБИС Голема полициска акција во Струмичко

Марихуаната е запленета од фирмата „CBD Medplant“ од Босилово, Ново Село, која е под контрола на Тони Коцев, со прекар М`гчев, кој е поранешен председател на огранокот на СДСМ во Ново Село и има многу бизнис релации со Вице Заев, брат на поранешниот премиер, Зоран Заев. Тони Коцев е поранешен председател на огранокот на СДСМ во Ново Село и има многу бизнис релации со Вице Заев, брат на поранешниот премиер, Зоран Заев.

4,274

Министерството за внатрешни работи продолжува со интензивните акции против нелегалната трговија со марихуана. Утрово, во координирана и обемна полициска операција, од фирмата „CBD Medplant“ од Босилово, Ново Село, се запленети 21 тон марихуана.

Како формален сопственик на компанијата во документацијата се јавува Христијан Котев, но според информации до кои дојде редакцијата, реалната контрола над фирмата ја има неговиот татко, Тони Коцев, со прекар М`гчев.






Тони Коцев е поранешен председател на огранокот на СДСМ во Ново Село и има многу бизнис релации со Вице Заев, брат на поранешниот премиер, Зоран Заев.

Полициската акција отвора сериозни прашања за злоупотреба на законските можности за производство на канабис, како и за можната политичка заштита и мрежите што стојат зад овој бизнис.

Од МВР најавуваат продолжување на истрагата и целосно расчистување на случајот.

Од завчера полицијата во голема акција заплени над 40 тони марихуана. Дел од заплената, околу десетина тони, беше извршена од склад на фирмата Алфафарм Груп ДОО Скопје, сместен во кругот на поранешната фабрика ОХИС. Во Струмица, пак, од друг правен субјект кој се занимава со производство и складирање на медицински канабис, беа запленети повеќе од 30 тони марихуана.

 

ОКОЛУ 40 ТОНИ МАРИХУАНА ЗАПЛЕНЕТИ ВО СКЛАДИШТАТА Неверојатно откритие од вчерашната акција на полицијата и ОЈО

Поврзани содржини