„БЕЗБЕДЕН ГРАД“ ДОАЃА ВО ОХРИД И ВО СТРУГА Ќе има вкупно 40 камери

Засега се поставени 4 камери, системот е во фаза на техничко тестирање и проверка на уредите, а целосната примена и функционирање с еочеккува да почне пред туристичката сезона.

429

Во Охрид и во Струга се планира поставување на вкупно 40 сообраќајни камери, кои ќе бидат дел од современиот систем за надзор „Безбеден град“ (Safe City), наменет за детекција на прекршоци и зголемување на сообраќајната дисциплина. Според најавите, системот треба да започне со работа пред стартот на летната туристичка сезона, пишува OhridNet.

Во моментов, четири камери веќе се физички монтирани на автопатската делница Охрид–Кичево, на потезите меѓу селата Горенци и Требеништа, како и Ботун и Ново Село. Иако уредите се поставени, тие сè уште не вршат санкционирање, бидејќи се наоѓаат во фаза на техничка проверка и тестирање, која веќе е завршена.






Од СВР Охрид посочуваат дека воведувањето на овој систем има за цел значително да придонесе кон подобрување на безбедноста на патиштата, преку намалување на сообраќајните прекршоци, незгоди и последици по учесниците во сообраќајот.

Поврзани содржини