РЕЧИСИ МИЛИОН „ТРАМПОВИ КУЌИ“ ЌЕ НИКНАТ ВО САД Проект кој ќе го направи достапно домувањето

Според проценките, изградбата на еден милион куќи би обезбедила станбен фонд вреден повеќе од 250 милијарди долари.

220

Американските градежни компании работат на предлог – проект за изградба на речиси милион таканаречени „Трампови куќи“, со цел ублажување на кризата со достапноста на домувањето во САД.

Планот вклучува продажба на почетни, попристапни домови преку програма за постепено стекнување сопственост, што би му овозможило на приватниот капитал да обезбеди финансирање во вредност од неколку милијарди долари, објавија странските агенции.






Функционер на Белата куќа, за медиумите изјави дека администрацијата во моментов не го разгледува активно планот.

Предлогот доаѓа во време кога американските потрошувачи продолжуваат да се соочуваат со проблеми со достапноста поради зголемувањето на стапките на инфлација, што негативно влијае на продажбата на домови низ целата земја.

Според проценките, изградбата на еден милион куќи би обезбедила станбен фонд вреден повеќе од 250 милијарди долари.

Како што е наведено, спроведувањето на таква програма би било сложено и постои можност таа да не добие доволна политичка и пазарна поддршка за имплементација.

Минатиот месец, американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба со која им се ограничува на големите инвеститори да се натпреваруваат со индивидуални купувачи на домови во обид да го направат домувањето попристапно.

По објавувањето на информациите за  планот акциите на американските градежни компании, вклучувајќи ги „ Ленар“, „Д.Р. Хортон“, „ПултГруп“, „Тол Брадерс“, „Тејлор Морисон Хоум“ и „КБ Хоум“, пораснаа помеѓу 5 и 7%.

Поврзани содржини