101 КАЗНА ЗА НЕПРОПИСНО ВГРАДЕНИ ФОЛИИ ВО ЈАНУАРИ Сообраќајната полиција имаше полни раце работа
Кај сите прекршители биле утврдени неправилности поврзани со затемнувањето на стаклата. За секој случај биле изготвени соодветни поднесоци.
Сто и еден возач биле санкционирани поради непрописно вградени фолии на автомобилите во месец јануари. Контролите ги реализираше Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи.
Кај сите прекршители биле утврдени неправилности поврзани со затемнувањето на стаклата. За секој случај биле изготвени соодветни поднесоци.
Од МВР најавуваат дека контролите продолжуваат и во наредниот период, со апел до возачите да ги почитуваат сообраќајните правила и прописите.