ОХРИДСКИОТ АЕРОДРОМ ДОБИ СЕРТИФИКАТ „НИВО 2“ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЈАГЛЕРОД До 2030 година треба да постине јаглеродна неутралност

Акредитацијата-Ниво 2 за Охридскиот аеродром директно покажува дека аеродромот не само што го разбира своето јаглеродно влијание, туку и имплементирал ефикасни стратегии за активно намалување.

54

Аеродромот Св. Апостол Павле во Охрид се стекна со Ниво 2-Aкредитација за управување со емисии на јаглерод на аеродроми, соопшти ТАВ.

Акредитација за управување со емисии на јаглерод дава Меѓународниот совет на аеродроми (Airports Council InternationalACI) во рамките на нивната глобална програма за акредитации на аеродроми за управување со јаглеродни емисии (Airport Carbon Accreditation-ACA), а како резултат на  активностите преземени во процесот за намалување на емисиите на јаглерод во работењето на аеродромот.






Акредитацијата-Ниво 2 за Охридскиот аеродром директно покажува дека аеродромот не само што го разбира своето јаглеродно влијание, туку и имплементирал ефикасни стратегии за активно намалување.

Ова значи дека аеродромот во Охрид воспоставил јасни и мерливи цели за намалување на емисиите (опсег 1 и 2), кои вклучуваат емисии од потрошувачката на енергија на самиот аеродром, греење, ладење и возилата во сопственост на аеродромот.

Клучните иницијативи што придонесуваат за постигнување на ова ниво се – транзиција на возниот парк, зголемување на уделот на опрема за копнена поддршка на батериски или хибриден погон, оптимизација на потрошувачката на енергија, користење обновливи извори на енергија и инвестирање во инфраструктура за полнење на електрични возила (EV), унапредување на управувањето со отпад, програми за ефикасно користење на водата, обуки на персоналот и иницијативи за подигање на свеста со цел вградување на одржливоста во секојдневното работење, како и формирање Комитет за одржливост за надзор и управување со еколошките ризици и обезбедување дека намалувањето на јаглеродните емисии останува стратешки приоритет.

Постојат 7 нивоа на сертификација на аеродромите за управување и намалување на нивните емисии на јаглерод: „Ниво 1“, „Ниво 2“, „Ниво 3“, „Ниво 3+“, „Ниво 4“, „Ниво 4+“ и „Ниво 5“.

Обврска е аеродромите да постигнувате јаглеродна неутралност до 2030 година и нето-нулта емисии на јаглерод до 2050 година.

Акредитацијата за управување со емисии на јаглерод на аеродроми е единствената институционално одобрена, глобална програма за сертификација за управување со емисии на јаглерод за аеродромите, која им помага да управуваат и да ги намалат своите емисии на јаглерод во согласност со меѓународните стандарди.

Меѓународниот совет на аеродроми (Airport Council International – ACI) е глобална трговска организација која ги претставува аеродромите низ светот и работи на подобрување на безбедноста, ефикасноста и одржливоста во воздухопловството.

Поврзани содржини